
Крајбрежната стража во Италија спасила 177 луѓе од пожар на траектот
Италијанската крајбрежна стража спаси 177 лица, вклучително и 27 членови на екипажот, од траект што се запали на пат од италијанскиот остров Лампедуза до Порто Емпедокле на Сицилија, беше објавено во саботата.
Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти кои биле префрлени од Лампедуза, се наведува во соопштението на крајбрежната стража.
Сите патници се префрлени во брод на крајбрежната стража и се на пат кон Порто Емпедокле, освен тројца кои се враќаат во Лампедуза.
За време на спасувањето, крајбрежната стража употреби водени млазници за да ги разлади деловите на траектот погодени од пожарот што избувна во машинската соба во петокот доцна навечер.
