Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки до Спасовски: Дали имате податок дека возилото на убиениот Панче е во Скопје од 24ти, три дена пред убијците да ја убијат Вања, и дали не сте ги фатиле затоа што немало централна објава?
Македонија

Ковачки до Спасовски: Дали имате податок дека возилото на убиениот Панче е во Скопје од 24ти, три дена пред убијците да ја убијат Вања, и дали не сте ги фатиле затоа што немало централна објава?

09/12/2023

AA

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за тоа дали имаат податок дека возилото на убиениот Панче е во Скопје од 24ти, три дена пред убијците да ја убијат Вања.

„И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи.

Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици. Ова е важно затоа што доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи.

НИЕ СМЕ ДОЛЖНИ НОВИТЕ СОЗНАНИЈА ШТО ГИ ИМАМЕ И ДИЛЕМИТЕ КОИ СЕ ОПРАВДАНИ ДА ГИ ПОСТАВИМЕ ВО ЈАВНОСТА.

Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември, 15 тина минути пред 7 часот и дали се до 27 ноември – денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците?

Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24ти и на 25ти вечерта?

Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава?

Повторувам, зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава?

Ова е клучното прашање, зад кое се крие одговорот за пропустот на МВР.

Оваа прес конференција има за цел да го постави само ова и единствено прашање. Доколку Спасовски искрено одговори на истото, нема да има човек во Македонија на кого нема да му биде јасно дали имало или не пропуст во истрагата и дали животот на Вања можел да биде спасен“, вели Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy