Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки: Бесиан Ахмети, вториот внук на Али, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин
Македонија

Ковачки: Бесиан Ахмети, вториот внук на Али, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин

29/06/2023

AA

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес конференција истакна дека Бесиан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој сега е именуван за Прв секретар на амбасадата во Брисел, е сопственик од 2007 до 2017 на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин.

„Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделен од владата на СДС и ДУИ во 2006 година.

Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија.

Бесиан Ахмети, сега од позиција на службеник во извесен период бил поставен за мониторинг врз договорите за концесии на минерали, бизнис со кој се занимава неговата фирма, која останала во единствено сопствеништво на неговиот брат Дрин Ахмети.

Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин Ахмети, за Еверест ЏД, во која и самиот бил содружник.

Али Ахмети го гради кланот Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, членови на неговото најблиско семејство влегуваат во мултимилионски бизниси и одлучуваат во институциите за судбината на други бизниси, кои можат да им бидат конкуренција.

Одговорност ќе има. Иако сега таткото на Бесиан и Дрин Ахмети стои на главата на Ислам Абази, наскоро ќе дојде време кога секој од нив ќе треба да одговори што правел“, вели Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник.

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy