
Ковачиќ е пред сензационален трансфер со плата од – милион долари неделно!
Тимот од Саудиска Арабија бил подготвен да му понуди плата од милион долари неделно во последниот ден од преодниот рок, но не успеале во тоа, но по неговиот потпис ќе се вратат во јануари, во зимскиот преоден рок. Ковачиќ, наводно, е големата желба на првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо, со кого играа заедно во Реал Мадрид.
Во следниот период останува Ал Наср да се договори со Сити околу отштетата. Хрватот сега заработува околу девет милиони евра по сезона и доколку реши да му се придружи на сонародникот Марсело Брозовиќ, би можел да ги зголеми приходите за седум пати.