
Ковачевски за враќањето на Заев во СДСМ: Не му ја чувам партиската фотелја
Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во Дневникот на Сител ТВ кажа дека не му ја чувал партиската фотелја на поранешниот премиер Зоран Заев.
„Во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови“, изјави претседателот на Владата на РСМ.
Меѓу другото, премиерот ги повика сите политички партии да се приклучеле на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека блокадата на државата кон евроинтеграции за првпат доаѓала од внатрешноста.