Ковачевски за Таравари: Не е клучен за иднината на државата!
Екс премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите, зборувајќи за настаните во Алијанса за Албанците, истакна дека не може европската интеграција на државата да се ограничи на тоа дали господинот Арбен Таравари поминал од власт во опозиција.
„Мислам дека господинот Таравари не е клучен за иднината на државата“, смета Ковачевски.
Тој додава дека „сепак се работи за политичар од Гостивар, кој е успешен доктор“ и „кој прави свои политички калкулации“.