Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: За пет години изградени 76 детски градинки со опфат од околу 5.500 деца
Македонија

Ковачевски: За пет години изградени 76 детски градинки со опфат од околу 5.500 деца

16/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Сонце“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров.

Со изградбата на овој објект, жителите на Волково, за прв пат, добиваат градинка, со што се решава нивниот повеќедецениски проблем.


Во продолжение го пренесуваме обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во целост:

„ Драго ми е што тука со нас има и претставници на парламентот, меѓутоа тука го гледам и поранешниот градоначалник Наумоски со кого почна изградбата на оваа градинка и драго ми е што сегашниот градоначалник Стојкоски ја продолжи,  затоа што развојот ниту започнува ниту завршува со еден човек, туку тоа е континуиран процес.


Денеска, тука во скопско Волково, сме за најмалите и најмилите и за една убава вест не само за децата туку и за родителите – за прв пат Волково добива градинка!

Изградивме уште еден објект, уште една градинка, која, верувам, ќе донесе многу детски насмевки.


Со новата  градинка „Сонце“, решаваме еден повеќедецениски проблем за граѓаните од овој дел на градот.

Градинката во Волково е изградена според современи стандарди и има капацитет за згрижување на 150 деца.

Јас ја имав честа да пуштам во употреба неколку градинки помогнати со средства од СБ и на секое отворање одам и кажувам дека ова е најубавата градинка која што сум ја видел, меѓутоа оваа, со формата, со начинот на којшто е изградена навистина е изградена на најсовремен начин.

Мислам дека доколку отидете во било која западно европска држава, тогаш ретко ќе најдете ваков убав и квалитетен објект направен било каде.

Вкупната вредност само за овој објект, вклучувајќи ја и опремата, е близу 1,7 милиони евра, средства обезбедени преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска Банка и со поддршка на Општина Ѓорче Петров.

Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на поддршката од нашите партнери, Светската банка, која нѝ помогна во изградбата на уште еден нов воспитно-образовен објект за потребите на нашите сограѓани.

Грижата за нашите деца се наш врвен приоритет. Обезбедуваме континуитет во зацртаното со реализација на нови градинки или доградување на постоечките.

Минатата година ја заокруживме со реализација на нови градинки и доградби на градинките во 10 општини и тоа Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, како и во Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Драчево.

Од 2017 година до денес, отворивме 75 градинки со опфат од 5.500 деца, а заедно со оваа, нова градинка, тој број го заокружуваме на вкупно 76, со што се згрижени 5.650 деца.

Нашите планови станаа реалност со тоа што капацитетите на градинките лани ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава, а за оваа година планираме изградба, доградба или адаптација на дополнителни, над 20 градинки во државата.

Не ги заборавивме ниту оние вклучени во воспитниот процес, воспитувачките, негувателките. Oд  2017 година досега, давателите на услуги, воспитувачките и негувателките во градинките добија за околу 36% повисока плата.

Со новото усогласување во месец март, овој процент ќе достигне нешто помеѓу кумулативни 45-50% вкупно раст за последните 5 години.

Додека, пак, техничкиот персонал, согласно Законот за минимална плата, доби  покачување од 15.200 на 18.000 денари плата. Со новото законско покачување кое ќе се случи во месец март и кое очекуваме да порасне за околу 2.500 денари, минималната плата ќе достигне 20.500 денари.

Ова предизвикува  линеарно зголемување на  платите  за околу 2500 денари, на сите вработени во јавните установи за предучилишно воспитание и образование.

Помогнавме и на самите градинки, кои освен што предвидуваме да се градени по принципот на енергетска ефикасност, ги помагаме и преку мерките за субвенционирање на електричната енергија, со што ги намалуваме нивните трошоци.

Грижата за општеството и државата почнува од тука, од најмалите единки во општеството. Секое дете треба да има можност да оди во градинка, затоа што тоа е местото каде што уште во најраниот период децата ги развиваат своите вештини и знаења и се подготвуваат да се вклучат во образовниот систем.

Изградбата на новите градинки значи и можност за нивните родители пред се за мајките да можат да имаат повеќе време како за свое лично, така и за професионално усовршување и ангажман.

Наша должност и обврска како Влада, е тоа право му го гарантираме на секое дете. Затоа нашиот фокус и во следниот период останува изградба на градинки, рамномерно во сите градови и места каде што има потреба за згрижување на деца.

На крајот, сакам да посакам успешна работна атмосфера на воспитувачите, негувателите, а на децата многу убави денови поминати во смеа, игри и другарувања и да има што повеќе деца во Волково, во Ѓорче Петров кои ќе растат и ќе се образуваат во оваа градинка, а се надевам и во уште многу градинки во Ѓорче Петров и во Волково.

Благодарам.“


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy