Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: За недела-две ќе има решение за високите плати на функционерите
Економија

Ковачевски: За недела-две ќе има решение за високите плати на функционерите

18/10/2023

AA

Откако вицепремиерите и министрите вчера на владина седница не донесоа конечна одлука како да си ги скратат функционерските плати, премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера бил отсутен поради настан во Тирана, денеска рече дека за недела-две ќе има решение, без да споменува можни коефициенти и бројки.

На вчерашната владина седница се расправало за предлог за измените на закон за платите и надоместоците на функционерите кои во март со одлука на Уставниот Суд пораснаа за 78 отсто, но одлука не била донесена а Ковачевски не бил присутен.

– Бараме решение кое ќе биде одржливо, за да не го укине Уставниот суд. Отворена е дискусија вчера како треба да изгледа, министрите ќе работат во текот на овие денови, за да се постигне усогласување на платата на ниво кое ќе биде поприфатливо и истоврмено одржливо, за во наредните една-две недели да излезат со решение пред Влада пред да оди во Собрание. Треба да биде прифатливо од правно гледиште, бидејќи досега два пати има паднато на Уставен, рече Ковачевски.

Функционерите досега зедоа шест полни плати со 78 процентно покачување. Покрај премиерот и министрите, подлабоки паричници добија и Претседателот на државата, судиите и обвинителите, градоначалниците, директорите на државните и на јавните претпријатија. Потегот ги разгневи сите категории граѓани, особено вработените во јавниот скетор и пензионерите, кои добиваа едноцифрени покачувања. Речиси седум месеци по одлуката на Уставниот суд, министрите конечно прифатија да расправаат за измена и за рикверц на нивните плати, само неколку месеци пред парламентарните избори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy