Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски за МИА: Нови условувања нема да има, време е за државнички одлуки
Македонија

Ковачевски за МИА: Нови условувања нема да има, време е за државнички одлуки

06/08/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за МИА зборува за неопходноста од освојување на уставните измени. Посочува дека нови условувања за Северна Македонија по исполнувањето на договореното нема да има. Вакви пораки до нашата земја стигнаа и од меѓународната заедница, кои прецизно и отворено кажаа дека по уставните измени нема нови барања надвор од Преговарачката рамка.

„Нема простор за загриженост, иако ги разбирам стравувањата, особено после одредени чекори и провокации кои беа на штета на односите меѓу двете земји. Но, со европски политики и одговорност од двете страни, може да се стигне и до европски односи. Тезата која ја наметнува опозицијата е манипулативна и има двојна цел. Од една страна да ги доведува во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади. Особено сега, кога целата содржина на предложените уставни измени е објавена и достапна, никој нема ниту една забелешка, ниту има нешто против. Прилично јасни се работите, нови условувања за нас не може да има“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот во интервјуто за МИА ја посочи изјавата на канцеларот Олаф Шолц кој јавно кажа дека за Германија нема никакви дилеми и нови барања надвор од утврдената Преговарачка рамка, што е кажано и во Декларацијата на германскиот Бундестаг. На иста линија е ставот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел. Бугарија исто така во повеќе наврати го потврди истото. Претседателот на Бугарија, Радев, потпретседателката Јотова, бугарското МНР, јасно во изјавите посочија дека нема нови услови и очекуваат да се исполнат договорените услови во преговарачката рамка.

Претседателот на Владата во интервјуто говори и за ставот и однесувањето на опозицијата и пратениците околу ова прашање. Ковачевски вели дека секоја политичка партија треба да покаже одговорност пред граѓаните и државата. Пратениците во собранието се избраници на граѓаните, а граѓаните сакаат во ЕУ.

„Опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација. Не треба да се замајуваат граѓаните со флоскули или со невистини. Прво беше „асимилација и бугаризација“. Откако се виде дека нема ништо од тоа сега е „бугарски диктат“. Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку.

За нас државни теми се членството во ЕУ и економскиот напредок, а темата за предвремени избори е одамна затворена. Сепак, водејќи се од државниот интерес, на лидерската средба ја понудив оваа опција како можност за опозицијата да ги поддржи уставните измени. Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори, и тоа е јасно. Пратениците сега имаат многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче. Пратениците сега имаат, би рекол најважна задача, а тоа е да обезбедат европска иднина и перспектива на земјата на граѓаните кои им го дале мандатот“, кажа премиерот Ковачевски во интервјуто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy