
Ковачевски за Бектеши: Играл за „Влазерими“ како млад, а сега игра кај Груби у канцеларија
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на познат маркет, каде го застана поранешна ракометарка.
Таа му се претстави како најдобра голманка во Македонија и пред камерите си најдоа заеднички пријатели.
Премиерот и упати зборови за поддршка за нејзиниот успех, па и посочи дека министерот за економија, Крешник Бектеши, кој стоеше до него, бил спортист.
„Он е по спортот. Играл за ‘Влазерими’ како млад, а сега игра кај Груби у канцеларија“, рече премиерот.
Министерот Бектеши се насмевна на оваа забелешка и потврди дека играл фудбал за „Влазерими“ од Кичево, па двајцата продолжија со пазарење.

