
Ковачевски: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ земјава беше презентирана како рај за евтина работна сила
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител изјави дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ земјава беше презентирана како рај за евтина работна сила со минимална плата од 8.000 денари, а денес минималната плата е 20.175 денари што е неколкупати повеќе од тоа што било пред само пет-шест години.
Тој кажа дека е задоволен што системските решенија од минатата година даваат резултат.
„Просечната плата 34 000 денари во нашата држава меѓутоа ако навлезете во одредени дејности висината на платата е многу повеќе од просечната плата“, рече Ковачевски.
Вели дека во понеделник ќе бидат повикани претставниците на синдикатите во Министерството за економија поради анализите за потрошувачката кошничка.
„Четиричлено семејство може да преживее со 43.000 денари, не му требаат 50.000 денари“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

