Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси
Македонија

Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси

18/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

– Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. Уште еднаш ја потенциравме важноста Северна Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, објави Ковачевски на својот фејсбук профил.

На средбата, пак, со германскиот канцелар Олаф Шолц е потенцирата недвосмислената поддршка на Берлин за европскиот пат на Северна Македонија.

– Дискутиравме за неопходноста од забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Германија е наш безрезервен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ, напиша Ковачевски.

По панелот „Алијансата и подалеку од неа: партнерства за Европската безбедност”, премирот имал куса средба и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Една година по воената агресија врз Украина НАТО е обединет како никогаш досега во поддршката на Украина и ќе ја поддржува сè додека е потребно. Во оваа насока беа пораките на панелот. По обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му пренесов дека Северна Македонија е целосно посветена во градењето на партнерства за одржување на безбедноста во Европа и секако на Западен Балкан, посочува Ковачевски.

Тој во Минхен го прследи и панелот „САД во светот” на кој се обрати американската потпретседателка Камала Харис.

– На панелот потпретседателката се осврна евроатлантската обединетост која е посилна од било кога, иако трети страни се обидуваат таа обединетост да ја растурат, како и на Евроатлантизмот, кој се додека е жив, САД ќе бидат присутни во Европа. Потпретседателката Харис се осврна на годишнината од бруталната инвазија на Русија и порача дека Киев нема да падне. Во своето обраќање потпретседателката се заблагодари на сите НАТО членки за силното евроатлантско партнерство во Алијансата, наведува премиерот Ковачевски на ФБ.

Премиерот Ковачебски на Минхенската безбедносна конференција се сретна и со Ненси Пелоси, како што посочува, голема пријателка на нашата земја, при што се заблагодарил за нејзината долгогодишна поддршка и придонес кон стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy