Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Холандскиот тур-оператор „Корендон“ повторно ја активира сезонската авиолинија од Мастрихт до Охрид
Македонија

Холандскиот тур-оператор „Корендон“ повторно ја активира сезонската авиолинија од Мастрихт до Охрид

18/02/2023

AA

Холандскиот тур-оператор „Корендон“ што располага и со сопствена авионска флота, за престојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.

Согласно донесената одлука, засега е предвидено авионите на „Корендон“ од јужниот холандски град повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од 7 јули до 1 септември.

Покрај Охрид како дестинација од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ авиони на „Корендон“ престојната туристичка сезона ќе летаат уште и за Крит, Закинтос, Родос, Анталија, Бодрум и Бургас.

Авионската линија Мастрихт – Охрид покрај летовите од Амстердам и од Ајндховен, првпат беше воведена летото 2018 година, но по туристички одличната 2019 година поради епидемијата на коронавирусот холандскиот тур-оператор наредната сезона ги откажа своите туристички аражмани за Македонија.

Тур-операторот „Корендон“ беше најзаслужен за враќањето на туристите од земјите на Бенелукс, во најголем број Холанѓаните, на Охридската ривиера по распадот на поранешна Југославија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44896
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените извештаи биле нецелосни

07/08/2026

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за кризата со загадувањето на водата за пиење во Општина Гостивар, за да

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани излезе со јавно соопштение во кое алармира дека АД „Водостопанство – Брегалница“, при чистењето на

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и да спасиме животи!“

07/08/2026

„Чекаме срце и додека се молам за моето дете да има подобрување, се молам за сите деца. Некому е потребно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy