Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Вложуваме во современа и модерна инфраструктура
Економија

Ковачевски: Вложуваме во современа и модерна инфраструктура

21/04/2023

AA

Отпочнувањето на пристапните преговори со Европската Унија, на Македонија и овозможи рекордна реализација на капитални инвестиции, со што се испраќа позитивен сигнал за целокупната деловна клима во земјата. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на предавањето кое го одржа на престижната дипломатска академија во Виена.

– Минатата година, во услови на најголема криза, Северна Македонија имамеше рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60 отсто повеќе од 2014 година.

Само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра. Изградени и рехабилитирани се 44 експресни, магистрални и регионални патишта Од 2017 до 2022 година се вложени 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта. 

Започна изградбата на железничката пруга од Коридорот 8, инвестиција вредна 600 милиони евра. Со оваа огромна инвестиција како држава и како влада уште еднаш ги потврдивме нашите добрососедски искрени политики кои се меѓу врните приоритети на нашиот пат кон ЕУ – рече Ковачевски.

Додаде дека изградабата на коридорите 8 и 10-д ја ставаат Македонија на економската карта на Европа.

– Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, и се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор.
Изградбата на Коридорот 8 значи поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните. За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. 

Со изградбата на автопатите нашата држава ќе биде поврзана со уште две пристаништа. Пристаништето во Драч и пристаништето во Бургас и тоа за нас е одлична можност и перспектива за развој – истакна претседателот на Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy