Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Владата води одговорна економска политика која дава резултати
Македонија

Ковачевски: Владата води одговорна економска политика која дава резултати

18/12/2023

AA

Владата води исклучително стабилна фискална и монетарна политика, економските политики даваат резултати, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Во интервјуто, премиерот Ковачевски потенцира дека резултатите од економските владини политики се видливи, зголемени се платите, пензиите, намалена е инфлацијата.

„Минималната плата е зголемена за 100% во однос на она што беше во 2016 година, просечната плата е скоро 38.000 денари, ветувањата беше 500 евра, а веќе е 615 евра. Тоа било незамисливо. Стапката на невработеност од 26% денеска е 13% на крајот на идната година ќе биде 11% можеби и 10,5%. Ние во 2025 година за прв пат во историјата ќе влеземе во едноцифрена стапка на невработеност. Стапката на инфлацијата од 20% ја намаливме скоро 7 пати сега е веќе 3,1%, инфлацијата на храна 1%“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот се осврна и на најновиот деветти пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, со кој што се опфатени над 400.000 граѓани од најранливите категории, како и 180.000 пензионери кои ќе добијат помош од буџетот во услови на криза.

„Сите пензионери кои што имаат пензии до 14.000 денари ќе добиваат во наредните 5 месеци по 3.000 денари, тие со пензии од 14.000 до 16.0000 денари ќе добијат по 2.000 денари и оние со пензии од 16.000 до 19.000 денари по 1.500 денари. Тоа е одлична помош од буџетот за пензионерите во услови на криза“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто.

Тој додаде и дека цената на електричната енергија останува субвенционирана 90%, но и дека е вратена евтината дневна тарифа која е од големо значење.

„Антикризни мерки има за сите оние ранливи категории на граѓани, самохрани родители, лица со попреченост, приматели на помош. За прв пат финансиска помош добиваат и студентите, средношколците и основците, за прв пат е воведен студентски оброк за студентите. Тоа се работи кои што не постоеле. Мерките се таргетирани и ги таргетираат оние кои што имаат помалку во општеството, тоа е Социјалдемократска политика“, порача премиерот Ковачевски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy