Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски верува дека 118 пратеници ќе ги поддржат Уставните измени
Македонија

Ковачевски верува дека 118 пратеници ќе ги поддржат Уставните измени

13/09/2023

AA

Собраниската седница ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат услови за тоа. Ова е процес кој не застанува и од него зависи иднината на државата, истакна премиерот Димитар Ковачевски, изразувајќи уверување дека на крај 118 пратеници ќе ги поддржат Уставните измени.

Одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид на отпочнување градежни работи за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош, Ковачевски нагласи дека членството во Европската унија до 2030 година е шанса, која не треба да се пропушти и секој треба да ја земе одговорноста пред себе и одговорноста во свои раце. Очекува поддршка од пратениците на сите политички партии, освен од Левица, забележувајќи дека се против Европска унија и оти ќе правеле заедница со Казахстан и Таџикистан.

Прашан за дипломатската офанзива последните денови во земјава и неменувањето на ставот на опозицијата во однос на Уставните измени, Ковачевски рече дека Собраниската седница ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат услови за тоа, односно кога ќе се знае дека најголемото мнозинство на пратеници веќе има разбрано дека ова е одлука која треба да се донесе заради подобрата иднина на државата.

– Јас не го гледам тоа како офанзива, туку како посета на пријателски дипломати од пријателски држави. Тука беше специјалниот пратеник на германскиот канцелар за Западен Балкан Мануел Сарацин, кој е голем пријател на Северна Македнија и испрати многу јасна порака дека сега е моментот Северна Македонија да ги продолжи своите европски интеграции. Истото го направи и вчера шефот на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот Михаел Рот, кој ја повтори таа порака. И таа порака не се разликува од ниту една друга, која ја испратија и дипломати од САД, Австрија, Словачка… Тие кажаа дека не дошле тука ниту да мачат некој, ниту на некој да вршат посебен притисок, туку да искажат свој став дека сега во моментот во Европската унија постои расположение и заеднички интерес Северна Македонија да го продолжи својот пат кон европските интеграции и до 2030 година да станеме земја членка, рече Ковачевски.

Според него, историски моменти кога стратешките интереси и на најголемите држави во ЕУ и на САД и на нас како помала држава од Западен Балкан, се поклопуваат комплетно, не се постојани и не се толку чести.

-И затоа треба оваа шанса да се искористи и конечно државата неповратно да се стави на патот кон Брисел и да градиме едно општество, кое ќе биде подобро за живеење на сите граѓани во нашата држава, но и за оние кои ја напуштиле државата заради живеење во ЕУ да препознаат дека и тука има услови како во Унијата и да се вратат како што тоа го прават граѓаните на Полска, Романија и други. Тоа е нашата цел. Нашите граѓани да живеат во земја членка на ЕУ – Северна Македонија, а не во земја членка на ЕУ, некоја туѓа држава во Западна Европа, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy