Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски вели дека прашањето за предвремените избори е затворено – „парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин“
Македонија

Ковачевски вели дека прашањето за предвремените избори е затворено – „парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин“

16/03/2023

AA

Прашањето за предвремените парламентарни избори кое Мицкоски го најавуваше во декември, па го презакажа за јануари, па за средината на февруари е затворено – изборите ќе бидат во редовниот термин, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски, посочи, тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено парламентарно мнозинство со нејзината реконструкција од 65 пратеници со што е затворено прашањето на предвремени парламентарни избори.

-Изборите како што кажав уште од првиот ден ќе бидат во нивниот редовен термин, бидејќи јас не ги менувам ставовите за разлика од некого. Прво ќе има претседателски избори на кои ќе победи кандидатот предложен од коалицијата предводена од СДСМ, а потоа и парламентарни избори на кои повторно оваа коалиција ќе формира проевропска влада во Македонија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

На опозицијата и порача да се посвети повеќе на работа во општините, наместо, како што рече, само да повторуваат – предвремени избори.

Во однос за барањето за премиер Албанец на 100 дена пред изборите рече дека не е ништо ново и дека тоа беше објавено во 2020 година на прес-конференција после изборите на која присуствуваа тогашниот мандатар Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која се формираше коалициската влада.

-Така ќе биде и на изборите во 2024 година кога СДСМ повторно ќе победи на изборите заедно со својата коалиција и кога повторно ќе се формира проевропска влада во Македонија на чело со мандатар предложен од СДСМ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ коалициските договори ги почитува. Премиерот кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, односно во последните 100 дена од мандатот на оваа Влада и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година ние ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и повторно премиерот ќе биде од редовите на СДСМ, потенцира Ковачевски.

Техничкиот премиер, како што истакна, има мандат само да ги спроведе изборите во текот на предизборниот период.

-Воопшто немам проблем да има технички премиер Албанец или припадник на било која друга етничка заедница што живее во државата, бидејќи сметам дека етничка припадност не е професија. Секој кој што е професионален може да ја води Владата, особено во услови на технички мандат на владата кога единствено треба да се спроведат избори. Не се согласувам лично со концептот на Пржинска влада кој е договорен во услови кога бевме заробена држава и сметам дека земја членка на НАТО која преговара со ЕУ и претседава со ОБСЕ не треба да има таков тип на влада пред изборите, рече Ковачевски.

Не би ги коментирал, додаде, интерните кампањи кои ги прави ДУИ, бидејќи тие се наоѓаат во процес на своја внатрешна политичка кампања во која излегуваат и креативни слогани за кои сметам дека се дел од политичката кампања која не се однесува на процесите на функционирањето на Владата во целина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
Македонија

ТРЕНДАФИЛОВ ИТНО ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАНОСКА Минималната

12/02/2026
Македонија

ОДБРАНАТА НА НИНО ВАСЕВ ЈА ОСПОРИ СТРУЧНОСТА НА ВЕШТАКОТ ОД

12/02/2026
Македонија

Македонија на мегдан со Шкотска, Швајцарија и Словенија во Лигата

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41394
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од ВЛЕН, ќе одлучува кој министер

12/02/2026

Централното собрание на Движењето Беса вечерва во Тетово донесе одлука за сопствено распуштање, со цел да се отвори патот за

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето го распушти централното претседателство

12/02/2026

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело со цел во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy