Ковачевски вели дека не поднел оставка по расправа со пратеник
Премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли како шпекулација информациите дека депонирал оставка.
-Не постои такво нешто и можете да отидете и да проверите во архивата. Такво нешто не постои како документ. Најверојатно тоа е некоја шпекулација, изјави денеска Ковачевски.
Прашан дека оставката била напишана рачно од негова страна, по кавгата што ја имал со негов пратеник, Ковачевски со одговор дека немало никаква кавга.