
Ковачевски вели дека Мицкоски го потсетувал на внук му: Ние велиме учи, тој бара плејстејшн
Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го потсетувал на внук му.
„Однесувањето на Мицкоски ме потсетува на внук ми Никола, на кого му зборувам земи книгата и учи за да напредуваш, а тој ми вика купи ми плејстејшн. Што и да му кажам на внук ми, тој само плејстејшн бара“, вели Ковачевски.
Тој додаде дека упатил порака дека ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини, дека треба да се посветат на работа во општините.
„Бидејќи гледаме дека таму ништо не се случува. Затоа зборуваат за избори. Тие започнаа со настани по хотели, каде презентираа што е направено од претходните градоначалници ги сметаа за свои проекти. Тоа беше првиот февруари откако дојдоа на власт, потоа почнаа да се караат меѓу себе и го гледавме тоа што се случуваше во Скопје меѓу раководството и градоначалничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ за сега сите активности да ги замрат и единствена тема на која зборуваат се предвремени избори. Мицкоски треба да се фати за работа наместо постојано да бара избори, порача Ковачевски.