Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски вели дека ФЗО одлично се справило со сајбер нападот, успеало за дури 14 дена да се врати во целосна функција
Македонија

Ковачевски вели дека ФЗО одлично се справило со сајбер нападот, успеало за дури 14 дена да се врати во целосна функција

23/02/2023

AA

Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката.

Премиерот уверува дека при тој напад не се случува излевање на податоците на граѓаните и здравствените податоци на граѓаните се безбедни без разлика што, како што кажа, одредени индивидуи придонесуваа во создавање паника дека личните податоци на грѓаните се загрозени.

Одговорност, според него, се бара кога за тоа постои реална причина, а во овој случај, како што рече, тоа не е така поради три причини.

–Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализрано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорсите извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори. Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во монментот кгоа се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо. Трето кога е веќе јасно дека со конретнава работа и навремено се спремале и соодветно одгоовирле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапуивање, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите, истакна Ковачевски.

Тој се заблагодари и на директорката на Фондот и на тимот, како и на главниот експерт и како што најави еден од ИТ експертите тој ќе го предложи за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy