Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Со системски решенија ставивме крај на неевидентираните лица во земјава, 526 личности добија изводи на родени
Македонија

Ковачевски: Со системски решенија ставивме крај на неевидентираните лица во земјава, 526 личности добија изводи на родени

19/12/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настан по повод доделување изводи на граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:

„Почитуван министер за правда, Лога,

Почитуван директор на Управата за водење на матични книги,

Почитувана претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Мираковска,

Почитувани медиуми, граѓани,

Овде навистина можам да кажам почитувани граѓани кои што ги добија своите документи за прв пат.

Денеска, ставивме крај на еден горлив три децениски проблем којшто го имаа стотици граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени. Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не може да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца, едноставно ги немаше во системот на државата.

Овие проблеми се веќе минато!

Со измените на Законот за матична евиденција, решивме животни прашања на многу наши граѓани. Во оваа прилика сакам да ја поздравам заложбата на Министерството за правда и Управата за водење матични книги, посебно да ја истакна улогата на пратеничките  Соња Мираковска, Љатифа Шиковска и Снежана Калеска – Ванчева, кои подготвија амандмани во Законот за Матична евиденција со кој системски продолжи да се решава проблемот со лицата неевидентирани во матичната книга на родени.

И ако некој заслужува благодарност за измените во Законот тогаш се овие три пратенички и секако Министерството за правда и Управата кои што законот го преточија во пракса и пратениците кои што овој закон го поддржаа. Токму тие законски измени и дополни го отворија патот за решавање на околу 526 човечки судбини, од кои до сега извршен е упис во матичната книга на родените на 409 лица. Останатите 117 лица ќе се упишат до крајот на годината.

Владата која ја предводам креира политики со европски вредности, ние создаваме системски решенија кои даваат резултати на долг рок.

На овие наши граѓани им овозможивме да си ги остварат своите животни права, а пред сѐ правата за социјална и здравствена заштита.

После една деценија, им овозможивме да си го остварат правото на заштита на нивното здравје преку нивно здравствено осигурување, децата да посетуваат редовна настава и да добиваат свидетелства за завршено образование.

До сега овие луѓе беа надвор од пазарот на трудот, сега им овозможуваме да се вработат, да отвораат и регистрираат свои сопствени фирми. Со нивното евидентирање во матичните книги им отворивме можност да ги користат сите бенефиции кои им ги нуди Уставот и Законите на Република Северна Македонија. Тие сега можат легално да стапат во брак, а нивните потомци без никаков проблем да бидат заведени во матичната книга на родените.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy