Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Сите докази треба да му бидат достапни на јавниот обвинител
Македонија

Ковачевски: Сите докази треба да му бидат достапни на јавниот обвинител

07/04/2024

AA

Сите докази и сите активности треба да му бидат достапни на јавниот обвинител и сметам дека на тој начин треба да се реши оваа работа којашто го обременува овој изборен процес, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања за случајот со изнуда на пари со лажно претставување и за обвинувањата за фалсификување документи и лажни вести во изборни цели.

На прашање дали има сознанија кое е лицето што се претставувало како вработен во Агенција за национална безбедност (АНБ) и изнудувало пари, за кое денеска Обвинителството соопшти дека поведува истражна постапка, и дали тој рекетирал пари за да се користат за кампања на СДСМ, како што праша опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски одговори дека тоа е сторија на истражувачки новинар.

-Никогаш не сум го доведувал во прашање интегритетот на било кој новинар особено кога се работи за вакви искази… Деновиве гледаме препукувања во кои има јасен став изразен од новинар кој бил присутен најчесто и на прес-конференциите коишто јас сум ги држел и кој обзнани информации и документи што потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не се променило ниту милиметар од она што беше до 2016 година. Ако јас кога ќе го кажев тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не е променето и дека ги користи спрегите помеѓу општините, националниот телевизиски сервис и други актери, морав да се извинувам кога ќе ме повикаше ЗНМ, сега имате од независен новинар, кој никогаш и мене не ме штедел при поставување на прашањата и, сепак, сметам дека за овие работи треба да интервенира јавното обвинителство, исто како што и тој тоа го направи и го повика и мислам дека сите докази и сите активности треба да му бидат достапни на јавниот обвинител. Така што сметам дека на тој начин треба да се реши оваа работа којашто го обременува овој изборен процес, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на промоција на штанд за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Центар.

Во однос на обвинувања за фалсификување документи и лажни вести во изборни цели, одговори дека тој што ги поседува најдобро ќе каже.

-А самиот новинар  кажа дека го повикува Јавното обвинителство да го истражи случајот. Јас други детали немам ниту сум имал во однос на случајот, додаде Ковачевски.

На прашање за обвинувања дека преку „Марковски компани“ тендери од РЕК Битола „се исплаќал израелскиот стратег Асаф Есеин“, Ковачевски одговори дека никого не познава во таа компанија, ниту сопственикот ниту кој било вработен.

-Јас бев две години претседател на Владата, ја извршував работата најтранспарентно, за тоа сведочат ревизиите без ниту една забелешка направени во Кабинетот на претседателот на Владата, и сметам дека имаме институции кои треба да ја докажат својата независност и својата компетентност да ги извршуваат сите активности, рече лидерот на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy