Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Северна Македонија конечно станува раскрсница на Балканот со изградбата на коридорите 8 и 10д
Македонија

Ковачевски: Северна Македонија конечно станува раскрсница на Балканот со изградбата на коридорите 8 и 10д

08/03/2023

AA

„Денеска имаме историски ден во кој Северна Македонија започнува изградба на автопатишта во должина од 110 километри, коишто ќе бидат со врвен квалитет и кои, конечно, после онаа запоставеност во времето на комунизмот, кога Македонија не била поврзана ниту на исток, ниту на запад од политички причини, туку била поврзана само на север и нешто на југ, конечно ќе имаме држава којашто ќе има и Коридор 10 завршен и Коридор 8 завршен“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод потпишувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д.

„Од држава која е во центарот на Балканот, наместо, како до пред извесно време, кога бевме кружен тек, отколку раскрсница, сега конечно ќе станеме раскрсница, бидејќи со изградбата на коридорот 8, автопатот кон Албанија и со изградбата на коридорот 10, експресниот пат кон Крива Паланка и со изградбата на железничката пруга кон Бугарија и кон Албанија, Северна Македонија конечно ќе ги има двата коридори кои ќе ја направат раскрсница и ќе имаме излез на три пристаништа“, рече премиерот Ковачевски.

Во однос на постапката за избор на изведувач, премиерот Ковачевски рече дека е спроведена согласно закон донесен од страна на Собранието, за кој гласале сите пратеници, којшто закон е потврден и од Уставниот суд.

„За законитоста на постапката одговараат сите институции, коишто, согласно овој закон, биле задолжени да ја спремат постапката за избор на изведувач и за избор на надзор на истиот проект. Врз основа на законот е предвидено сумата колку што ќе чини овој автопат да биде дефинирана врз основа на експертско знаење, кое го поседува фирмата консултант и надзор, во овој случај ИРД, а државата одлучила преку закон во Собрание дека фирма изведувач ќе биде Бехтел и нивниот партнер Енка“, појасни премиерот Ковачевски.

Притоа, премиерот Ковачевски појасни дека реализацијата на двата коридори, е важна од повеќе аспекти. „Кога зборуваме за инфраструктурно поврзување, тоа значи и поврзување со енергенси. Покрај ова, веќе го поврзавме конечно гасоводот од Жидилово до Битола. Тој е завршен и затоа сега Битола влегува во втора фаза на гасификација на градот бидејќи градот Битола, од 84-та, како е почнат да се прави РЕК Битола, конечно има гас во Битола. Второ, на крајот на оваа година ќе започне изградбата на гасоводот од Грција кон Северна Македонија. Тоа значи дека нема да имаме само еден гасовод, туку два гасоводи. Доколку од Албанија почне да се прави и трет гасовод со оглед на плановите за ЛНГ терминали во Албанија тогаш ќе имаме и три. Со тоа ќе станеме држава која конечно ќе биде раскрсница и центар на Балканот. Тоа се стратешки проекти кои ако ги нацртаме на мапа, тогаш ќе го видите нивното значење и за постојниве компании и за идните компании, и за земја членка на ЕУ, кога ќе станеме. Во моментот кога ќе станеме, тогаш изборот на секоја компанија е дали дирекцијата на својата компанија ќе ја направи во Виена, во Загреб или во Скопје е ирелевантно, бидејќи тоа е компанија којашто е во земја членка на ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy