
Ковачевски се сретна со првиот човек на Дојче Телеком
Премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на Берлин, оствари средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес. На средбата присуствувал и Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.
Дојче Телеком од 2001 година го зазема водечкото место меѓу националните телекомуникациски оператори преку Македонски Телеком.
На средбата било разговарано за можностите за развој кои ги нуди 5Г технологијата во многу сегменти од општествениот живот, но и во бизнисот, со што се отвораат нови иновативни перспективи во делувањето.
„Во овој контекст Дојче Телеком изразија подготвеност за продолжување на инвестирањето во Северна Македонија со конкретни големи инвестиции во дигиталната инфраструктура во земјата.
Големите германски инвестиции како што е и Македонски Телеком освен за развој на економијата се и одлична шанса за поттикнување нови генерации на млади за работа во телекомуникацискиот сектор што е и неопходно“, се вели во информацијата на Владата.
