Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Се работи за хакерски напад на ФЗОМ, наредните денови решение за исплата на платите
Македонија

Ковачевски: Се работи за хакерски напад на ФЗОМ, наредните денови решение за исплата на платите

16/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека блокираната интернет страница на Фондот за здравствено осигирување (ФЗОМ) која веќе неколку дена не е во функција, претставува хакерски напад. Со експертски тимови од Германија, како што соопшти денеска, се работи на овој проблем, но разговарано е и со Министерството за финансии да се изнајде начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор.

Ковачевски апелира до корисниците на ФЗОМ да бидат трпеливи, зашто, како што напомена, се прават максимални напори да нема застој во давањето на услугите.


-Сe  работи за хакерски напад на ФЗОМ, за ист тип хакерски напад каков што имаа Министерството за земјоделство пред извесен период и некои други институции. Се работи за напад кој е дел од хибридната војна што се води моментно во Европа покрај класичната војна во Украина по нападот од страна на Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави и тоа особено членки на НАТО. Сетете се само на хакерските и на сајбер нападите што беа во Албанија и во Црна Гора и во други држави. Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи. Вчера доцна навечер разговарав со министерот за финансии да се изнајде начин, бидејќи тие во наредните денови ќе имаат решение. Меѓутоа, свесен за тоа дека вработените немаат земено плата, а дека имаат свои обврски по кредитни, дебитни картички итн., разговаравме да може да се направи исплата преку Централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот во ФЗОМ, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новата градинка во Волково.

Според премиерот, се работи за комплексна операција.


-Упатувам апел до сите вработени во здравствениот сектор, до сите корисници на ФЗОМ, да имаат трпение, бидејќи навистина вработените во ФЗОМ деноноќно работат со цел овој проблем да биде решен во корист на сите корисници на услугите на ФЗОМ. Ние обезбедивме преку вработените во ФЗОМ во изминатиот период да нема застој во давање на услугите со тоа што ги продолжија и своите работни часови вработените, дел од процедурите беа променети од дигитално во мануелно процесирање на барањата на осигурениците, особено на оние што одат од државните во приватниот сектор и обратно за одредени прегледи и за одредени интервенции. Така да, мислам и ова ќе биде решено, подвлече Ковачевски


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy