Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОВАЧЕВСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИ КОИ УШТЕ ОФИЦИЈАЛНО НЕ ДОШЛЕ ВО ЗЕМЈАВА: Биле со вредност од 150 милиони евра
Економија

КОВАЧЕВСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИ КОИ УШТЕ ОФИЦИЈАЛНО НЕ ДОШЛЕ ВО ЗЕМЈАВА: Биле со вредност од 150 милиони евра

06/08/2023

AA

Четири нови инвестиции со вкупен обем од над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, посочува премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА.

– Она што е важно е да се креираат нови работни места во приватниот сектор, кој треба да е мотор на економскиот раст во државата. Токму затоа ние создаваме услови компаниите да се развиваат и да исплаќаат повисоки плати, од просечната. Во таа насока, сакам да напоменам дека новите инвестиции и новите вработувања се нов стимул на економијата, вели Ковачевски.

Потсетува дека во технолошко-индустриските развојни зони постигнати се договори за инвестиции од над 280 милиони евра, меѓу кои и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата од 205 милиони евра со азискиот електро-гигантот „Јагео“. Овие инвестиции во следните десет години, како што посочува Ковачевски, треба да донесат над 4600 работни места и над 90 милиони евра во Буџетот само по основ на придонеси. 

-Без нови инвестиции, нема раст на економијата. За нас, се еднакво важни, како домашните, така и странските инвестиции. По рекордните бројки на највисоката финансиска поддршка за најголем број компании во изминативе пет години која ја обезбедивме минатата година и годинава продолжуваме со маркирање на рекорден интерес за сетот мерки кои ги обезбедуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, вели Ковачевски.

Посочува дека годинава се пристигнати рекорден број апликации, вкупно 427 апликации за поддршка преку овој Закон, а склучени се 294 нови договори со планирани инвестиции од 365,9 милиони евра, што, како што оценува, е тројно повеќе од планираните во 2022 година.

– Најголем број од компаниите се од областа на дрвната индустрија, мебел, печатници и производи од хартија, потоа метало-машинската индустрија, производи од лим, алуминиум, стакло, како и прехранбено-преработувачката индустрија, но има и од текстилната, кожарско-преработувачката индустрија, потоа информатичко-комуникациската индустрија, фармацевтската и хемиската индустрија. Рекордниот број апликации се резултат на зголемената доверба на компаниите кои препознаваат партнер во Владата, нагласува премиерот во интервјуто за МИА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy