Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: СДСМ го заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, никој не беше оставен сам
Македонија

Ковачевски: СДСМ го заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, никој не беше оставен сам

21/02/2024

AA

„Ако погледнеме прво за најважното, за економијата, за животниот стандрад на граѓаните, на работниците, професорите, наставниците, пенизонерите, полицајците, војниците, ранливите катгории на граѓани, сите тие факти потврдуваат дека со СДСМ растат платите, секој добива повеќе. Ветивме просечна плата од 500 евра денес, не само што го исполнивме, туку денес просечната плата е 630 евра повеќе од тоа што ветивме, денес благодарени на политиките на СДСМ имаме 270 евра повисока плата од таа во времето на ДПМНЕ.” рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивниот штаб на партијата во Бутел.

Претседателот Ковачевски посочи дрка платите ќе продолжат да растат со СДСМ и декс новата програма ќе содржи мерки и за раст на минималната плата и за раст на просечната плата.

„Минималната плата веќе од наредниот месец ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари. Со последното покачување минималната плата е за 150% поголема во споредба од она во времето ДПМНЕ” рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна и на поддршката на СДСМ за пензионерите но и за работниците и компаниите: Пензионерите со СДСМ добиваат во просек 6.400 денари повеќе од она што имаа во времето на ДПМНЕ. Оебзбедивме и рекордна поддршка за домашните компании, и ако некому треба да заблагодарат македонските компании домашни што за прв пат во историјата добија финансиска поддршка вредна 100 милиони евра. 919 компании во државата кои никогаш во времето на ДПМНЕ не ни сонувале да добијат финансиска поддршка, го добија со СДСМ” рече Ковачевски.

Говорејќи за справувањето со кризата, Ковачевски истакна дека со полтиките во време на криза СДСМ го заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

„Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Сите ние сме горди на тоа. Многу поразвиени економии имаа проблеми во текот на кризата. Ние ги стабилизиравме и ги намаливме цените. Инфлацијата која беше 20% сега е само 3%. 90% ја субвенциониравме цената за 660 000 семејства во државата, обезбедивме топлинска енергија. Највисоко ниво на субвенции, 30% испплатени предвремено, сѐ се тоа придобивки за граѓаните, тоа се придобивки за цела држава, бидејќи богато земјоделство, големо производство е повисок животен стандар да сите граѓани. И за оние кои работат во приватниот но и за оние кои работат во јавниот сектор” рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy