Ковачевски: СДСМ е опција која носи надеж за европска иднина
СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина, рече претседателот Димитар Ковачевски вечерва во Охрид на отворањето промотивен штаб на СДСМ.
-Зошто сум убеден во тоа дека СДСМ ќе ја формира новата влада? Затоа што граѓаните добро знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата. Опција кој носи надеж, опција која обезбедува поголеми плати и пензии, подобар и подостоинствен живот за сите. Опција која сигурно, силно и одлучно гази на патот кон Европската Унија. СДСМ е синоним за напредок и просперитет, ВМРО ДПМНЕ е синоним за безнадежност и стоење во место, рече Ковачевски.
На изборите пред нас граѓаните одлучуват дали Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе голема изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата, потенцираше Ковачевски.
-А народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Не заборава како владееше ВМРО ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски. Затоа ќе победиме! Борбата за европска македонска иднина продолжува, нема откажување. Кога ве гледам вака собрани во голем број знам што следи: Во овој изборен штаб овде, на 8 ми мај, исто како и во нашите изборни штабови низ цела Македонија, сите заедно ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ! Нова голема победа за посветла иднина на Македонија, рече Ковачевски вечерва во Охрид.