Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Разговорите за обезбедување владино мнозинство насочено кон интегрирање на државата во ЕУ
Македонија

Ковачевски: Разговорите за обезбедување владино мнозинство насочено кон интегрирање на државата во ЕУ

07/02/2023

AA

Изминативе денови има добар прогрес во преговорите со Алијансата за Албанците во делот на програмските определби и кадровското екипирање, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на стратешкиот дијалог со САД.

– Разговорите се водат во навистина добар дух и во атмосфера на постигнување на договор со цел државата да има мнозинство во Парламентот што има единствен став во однос на интеграцијата на државата во Европската унија и придржување кон сите меѓународни норми за кои што веќе сме пример во регионот, истакна Ковачевски.


Тој нагласи дека генерално во разговорите со Алијансата за Албанците немало проблем околу распределба на раководните места во институциите.

– Се говори за преземање на одговорност во рамки на кадровскиот потенцијал на секој коалициски партнер, но и во делот на преземање одговорност во делот на учество во владиното мнозинство, изјави Ковачевски, потенцирајќи дека целта на разговорите е проширување на европскиот капацитет на владината коалиција.


Во однос на коалициската соработка со Алтернатива, Ковачевски истакна дека оваа партија е значен партнер на Владата за која имам исклучително високо мислење, како и за сите владини партнери.

– Во текот на денешниот и на утрешниот ден ќе имаме преговори со Алтернатива. Се надевам дека ќе може да се постигне позитивен исход од тие разговори, со цел сите заедно да може да продолжиме со градење на коалиција што се залага за европска Македонија и ќе обезбеди влез на Македонија во Европската унија до 2030 година, порача Ковачевски.


Лидерот на Алијансата за Албанците (АА) денеска во Гостивар изјави дека преговорите за влез на неговата партија во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, нагласувајќи дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.

– Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме, рече Таравари.

Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара и не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент додека се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy