Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Проектот за изградба на коридорите 8 и 10д треба да продолжи и да заврши во рокот кој е предвиден
Македонија

Ковачевски: Проектот за изградба на коридорите 8 и 10д треба да продолжи и да заврши во рокот кој е предвиден

28/03/2023

AA

Договорот за надзор на изградбата на автопатите и договорот со „Бехтел и Енка“ се склучени врз основа на законската регулатива во државата, почитувајќи ги сите процедури за избор на изведувачи и компании кои тоа го прават, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Во тоа биле вклучени сите институции кои се задолжени за таа работа и целата документација, која се однесува на изборот на сите вклучени компании и оние кои ќе прават надзор, е јавно достапна преку Бирото за јавни набавки, спроведена е целата процедура. Ги повикувам и Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да ги испитаат сите наводи што се изнесуваат во јавноста, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на маркет во Скопје заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Премиерот нагласи дека селекцијата и нивниот избор е направен врз основа на законска процедура преку јавно достапни податоци и со учество на повеќе компании во постапката за избор на најдобар понудувач.

– Никој ништо не криел во постапката, а во одлучувањето учествувале стручни комисии кои спроведувале такви постапки и во минатото за други проекти. Се што е достапна документација е веќе пријавено во надлежните институции. Антикорупциската комисија ќе ги добие сите одлуки кои се направени од страна на Владата во минатото за овој проект и врз основа на тоа ќе може да одлучува, а на располагање ќе ги има сите други документи. Владата нити е обвинителство, ниту, пак, антикорупциска комисија, кои работат независно, ниту е комисија за избор и за селекција на компании кои учествуваат на јавно надавање кое е усвоено со посебен закон изгласан од Собранието, кој е потврден и од Уставниот суд, прецизира Ковачевски.

Тој посочи дека „Бехтел и Енка“ треба да го работат најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата во вредност од 1,3 милијарди евра.

– Овој проект за изградба на коридорите 8 и 10д треба да продолжи и треба да заврши во рокот кој е предвиден од пет години. Ќе овозможи да имаме пристап до пристаништата во Драч и Бургас и да има суво пристаниште во Струга што е огромен бенефит за компаниите, рече Ковачевски и додаде дека на тој начин ќе станеме држава која е вистинска крстосница на Балканот, а не како досега да бидеме кружен тек заради недостиг на добра патна инфраструктура.

Од тоа, додаде, ќе имаат бенефит и граѓаните и компаниите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy