Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски предлага разрешување на министрите од Алтернатива и замена со кадри на АА
Македонија

Ковачевски предлага разрешување на министрите од Алтернатива и замена со кадри на АА

12/02/2023

AA

Политичката партија Алтернатива денеска попладне во партиското седиште во Тетово ќе одржи седница на Централното собрание, по која се очекува став за натамошното делување откако со Предлогот за реконструкција на Владата, што беше испратен вчера во Собранието, премиерот побара разрешување на нивните министри.

На министерските места за здравство, за информатичко општество и администрација и ресорот за дијаспора со кои раководеа се предложени кадри од Алијанса за Албанците, со којашто завчера беа заокружени преговорите за приклучување во влдината коалиција.


Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата за Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет за нови четворица министри и пет заменици министри.

Кренар Лога е предложен за министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, додека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова од СДСМ, на местото на досегашниот Насер Нуредини од ДУИ. Лога ќе го замени Никола Тупанчевски од СДСМ, Меџити треба да биде на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива.


Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство. За заменик министер за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог на Ковачевски за заменик министер за правда е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, за здравство Маја Манолева, а за образование и наука – Агим Нихиу од ДУИ. На седницата треба да се гласа за разрешување на Башким Хасани од функцијата заменик министер за одбрана, Абдулќушур Абедини од заменик министер за земјоделство и Лулзим Алиу од заменик образование.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски вчера на прес-конференција рече дека на Алтернатива и била понудена опција за продолжување на соработката и дека СДСМ јавно соопштил оти има намера соработката да продолжи.


-Алтернатива е добредојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, не само кон оваа, туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, рече Каевски одговарајќи на прашање дали очекуваат Алтернатива да остане во Владата.

Алијансата за Албанците, пак, во Декларација што ја објави вчера за приклучувањето во владината коалиција, наведе дека се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога, како што велат, Северна Македонија се соочува со голем број кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата.

-Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Северна Македонија, се вели во Декларацијата, во која се потенцира и дека ги избрале најдобрите кадри за учество во власта.

Од СДСМ, пак, најавуваат дека со АА ќе бидат максимално посветени на: реализирање на Програмата на Владата, зголемување на ефикасноста на Собранието и институциите, спроведување на мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зајакнување на економијата, борба против криминалот и корупцијата, поддршка на стратешкото партнерство со САД, на одлуките и реформите за продолжување на европскиот пат и остварување на полноправно членство во ЕУ.

Приоритетие на заедничката соработка се: Владеење на правото и борбата против корупцијата, Држава за сите, Рамноправен економски и територијален развој, Развојна држава и зелена енергија и Здрави граѓани. За тие клучни приоритети се обврзуваат за изготвување на конкретни законски решенија, законски измени и подобрувања, мерки и политики за нивна реализација до крајот на мандатот.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy