Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Поединци и групи не сакаат добри македонско-бугарски односи и членство на регионот во ЕУ
Македонија

Ковачевски: Поединци и групи не сакаат добри македонско-бугарски односи и членство на регионот во ЕУ

19/02/2023

AA

И во Бугарија и кај нас има поединци и групи, па и политички партии, кои за жал се финансирани и поттикнати од трети страни, односно од држави, кои не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ, што веќе им е јасно на сите, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА дадено на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

– На официјалните институции и на Бугарија и на Северна Македонија им останува да продолжат со комуникација, која треба да се базира на институционална комуникација, на задржување на достоинството на институциите и граѓаните на двете држави и доколку продолжиме во таква насока, ќе имаме односи со соседна Бугарија, исто како што имаме и со соседна Србија, Грција и со Албанија, нагласува Ковачевски.

Тој потсетува дека нашите односи со Бугарија имаат и економска димензија и соработка во однос на стратешки проекти.

– Да не заборавиме дека во време на најголемата економска и енергетска криза заедно со бугарските власти успеавме да го зголемиме капацитетот на единствениот интерконектор кој во моментов го имаме и со тоа да се овозможи либерализација на снабдувањето со гас на државата… Тоа исто така се теми кои се значајни за граѓаните на нашата држава меѓутоа значајни и за соработката меѓу двете држави. Доколку работиме во таа насока, на теми и на проекти коишто ги зближуваат граѓаните, тогаш верувам дека и односите меѓу двете држави ќе бидат на ниво коешто е достојно на две соседни држави кои се членки на НАТО, партнери во НАТО и кои ќе бидат партнери и во ЕУ наскоро, истакнува Ковачевски.

Запрашан зошто во Минхен не се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Ковечевски нагласува дека таквата средба не ни била планирана во неговата агенда.

– Немав средба со претседателот Радев, бидејќи не беше планирано во мојата агенда, но тоа не значи дека на некоја друга конференција нема да се видиме. Во петокот, бидејќи бев во Собранието каде што тече реконструкцијата на Владата, не можев да бидам тука на отворањето, а во саботата веќе беа закажани други состаноци, вели премиерот.

Ковачевски потенцира дека во услови кога Бугарија се наоѓа во кампања за предвремените парламентарни избори во април, не сака да ги коментира ставовите на оние бугарски политичари, кои за секој глас се подготвени да дадат каква било изјава.

– Можам да кажам дека кога Бугарија имаше политичка Влада, а тоа беше Владата на премиерот Петков, односите со Бугарија беа унапредени на едно исклучително високо ниво, каде што се разговараше на теми кои се однесуваат на иднината. Имаме работни групи кои разговараа за инфраструктурата, за евроинтеграциите, за образованието и културата итн. и како резултат на тие разговори и атмосфера која се креираше, успеавме да постигнеме договор со сите 27 земји членки на ЕУ и да ги отпочнеме преговорите, вели Ковачевски.

Тој потенцира дека она што е важно е дека после 17 години чекање Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во Европската Унија и дека не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ.

– Тие преговори започнаа, како и сите други преговори, како и на сите други држави, со скрининг фазата. Ние веќе отпочнавме со билатералниот скрининг каде поглавје по поглавје, сектор по сектор, ресор по ресор се разгледува нашето законодавство. Самиот скрининг процес тече во насока на завршување според планот, некаде пред крајот на оваа година. Позитивни сигнали доаѓаат од Брисел, од нашите преговарачки тимови дека процесот ќе заврши во најдобар ред, а тоа значи дека на крајот ќе добиеме извештај во којшто точно ќе се знае кои области треба да ги унапредиме, кои закони треба да се направат, кои реформи треба да се спроведат во државата, додава Ковачевски во интервјуто за МИА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy