Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Поддршката на претседателот не зависи од потпишување или непотпишување на одредени законски решенија
Македонија

Ковачевски: Поддршката на претседателот не зависи од потпишување или непотпишување на одредени законски решенија

11/09/2023

AA

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски не сака да го меша давањето или не поддршката на политичките партии на актуелниот претседател Стево Пендаровски за претседателските избори во 2024 година, со тоа што тој го потпишал законот со кој се намалуваат казните за функционерите. Ковачевски вели претседателот на државата потпишува указ за сите закони, кои се изгласани во Собранието, а за некои се случило и да не потпише.

-Јас воопшто не би ги мешал поддршките коишто политичките партии ги даваат на кандидати за било која функција вклучително и на претседател на држава со потпишување или непотпишување на одредени законски решенија. Претседателот Пендаровски беше победнички кандидат на коалицијата, а тоа е европската коалиција, којашто обезбеди членство во НАТО на државата, која ги отвори преговорите со ЕУ, која што ја врати демократијата во државата, вели Ковачевски.

Тој истакна дека сите институции вклучително и претседателот имаат дадено свој позитивен придонес во напредокот на државата на сите полиња, на економско и политичко, на владеењето на демократијата, и на унапредувањето на социјалната заштита, социјалната правда.

-Што се однесува до кандидатурите за претседател на државата тие одлуки во СДСМ ги носи Централниот одбор (ЦО), како што секогаш се носат, и кога ќе започне постапката тогаш сите членови на ЦО вклучително и на раководството ќе може да го кажат своето мислење, рече Ковачевски, кој днееска во Гевгелија присуствуваше на доделување социјални станови на 28 семејства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy