Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ
Македонија

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

21/03/2023

AA

Процесот на зачленување во ЕУ не е процес на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту е процес на една влада, туку тоа е обврска и одговорност и на сите политички партии во државата, особено на оние застапени во Парламентот – да ги остваруваат стратешките интереси на државата преку поддршка на одлуките што се потребни, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање, како Владата ќе го обезбеди потребното двотретинско мнозинство за промена на Уставот.

– Уставните измени се една од одлуките што треба да се донесат со двотретинско мнозинство за полноправно членство во ЕУ. После тоа следуваат одлуки што се однесуваат на реформи во правосудството, реформи на обвинителството, на децентрализацијата, како и други законски решенија што треба да се носат со двотретинско мнозинство. Првпат по 22 години имавме Совет за стабилизација и асоцијација што се одржа во Скопје, на кој беа упатени јасни пораки од страна на потпретседателот на Европската комисија, Борел и еврокомесарот за проширување Вархеји, кои кажаа дека Преговарачката рамка во која стојат и обврските и критериумите за пристапување на нашата држава во ЕУ, се изгласани и доставени од 27 земји членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Тој ги повика сите политички партии, како што рече, да го поддржат патот на нашата држава со реални одлучни чекори и носење одлуки, а не само декларативно.

– И затоа кога ќе го поставите прашањето како ќе обезбедите двотретинско мнозинство, тоа е обврска на секого да го продолжиме патот на државата во ЕУ. Одлуките што се однесуваат на стратешките важни насоки на државата, како што е зачленувањето во ЕУ, тие не треба да бидат предмет на дневна политика, туку напротив, тие треба да бидат предмет на општествен консензус, како што биле и во Хрватска и во Словенија кога тие се зачленувале. И затоа јас верувам дека кај нас постои и демократски и политички капацитет да ги донесеме сите потребни одлуки, бидејќи ова не е последната, туку ова е првата од низата одлуки што се носат со две третини во Собранието што ќе треба да се носат до полноправно зачленување на државава во ЕУ, нагласи Ковачевски.

Според него, зборувањето едно пред амбасади, а друго пред народот, не му користи никому.

– Зборувањето дека некој може да ја промени Преговарачката рамка најдобро беше демантирано од страна на потпретседателот на Европската комисија, кој беше многу јасен во позициите на Европската Унија, визави Преговарачката рамка и нашето зачленување во ЕУ, каде што и двајцата соговорници изразија оптимизам дека ние можеме да станеме членка на Унијата, истакна тој.

Ковачевски повтори дека ние преговараме со ЕУ, а не преговараме со ниту една земја сосед.

– Со соседите се решаваат билатерални односи што се однесуваат на добрососедството. Со ЕУ се преговара и се прават реформи за да се исполнат критериумите, со цел општеството да стане на ниво на државите кои што се веќе членки на ЕУ, дециден е Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy