Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: НЕ стана ДА, прифаќањето уставни измени од Мицкоски е за поздравување
Македонија

Ковачевски: НЕ стана ДА, прифаќањето уставни измени од Мицкоски е за поздравување

11/06/2023

AA

Сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика, целосно различна од она што досега го слушавме, НЕ стана ДА, прифаќањето на уставните измени од страна на Мицкоски и промената на ставот е за доброто на државата и го поздравувам, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на трибина „Разултати што прават разлика“ во Кавадарци.

-СДСМ го предводи концептот за европска Македонија и работи за остварување на уште една стратешка национална и државна цел поставена уште од независноста: членство во ЕУ до 2030 година. Имаме историска шанса и силна поддршка од нашите стратешки партнери ЕУ и САД и сега време за последниот чекор, да го продолжиме европскиот пат. Понудивме рака и на опозицијата за дијалог и шанса и тие да се приклучат. И сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика, целосно различна од она што го слушавме во изминатата година, рече Ковачевски.

На последната средба, Христијан Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа на прес конференција и го повтори потоа во изјава наредниот ден. Прифаќањето на уставните измени им дојде некако како шок во ВМОР-ДПМНЕ, можеби затоа што се случи нагло. Имам разбирање за тоа, кажа Ковачевски.

Една година гледавме протести, молотови коктели врз собранието, обвинувања за бугаризација, асимилација, го палеа договорот во Собранието, свиреа со вувузели. Цела година слушавме изјави како се на браникот, се потпишуваа нотарски изјави на пратениците дека нема да поддржат уставни измени, маички со НЕ носеа. Во Собранието не можеше да се слушне ниту мојот глас ниту гласот на пратениците. Но јас бев убеден дека вистинскиот глас ќе го слушнат и ќе се приклучат на праведната цел. Затоа што праведна цел е да обезбедиме европска иднина за нашите сегашни и идни генерации, рече Ковачевски.

И сега одеднаш, со една изјава, на прес конференција се тоа не важи. Одеднаш не е проблем делови од бугарскиот народ да влезат во Уставот. Со една изјава прифатливи се уставните измени, прифатено е учество во Влада со СДСМ и други партии. НЕ стана ДА. Затоа што ДА е секогаш посилно од НЕ, додаде тој.

-Имам јас многу лични моменти во ова. Цело време бев обивнуван за бугаризација и асимилација и се тоа падна во вода. Но подготвен сум да поминам преку тоа, за доброто на земјата. Знаеме ние дека опозицијата и во други прилики менувала став. Овој пат, промената е за добро на државата. И затоа го поздравувам, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy