Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски не размислува да поднесе оставка
Македонија

Ковачевски не размислува да поднесе оставка

19/05/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски е дециден дека не размислува да поднесе оставка и покрај тоа што рокот за уставните измени е до ноември. Забележа дека Владата има ингеренции со управување со државата, а за уставните измени е потребно дво – третинско мнозинство.

-Тоа е обврска не само на Владата, туку и на сите политичко – општествени чинители во државата. Тоа е обврска на секој пратеник да донесе одлука за иднината на граѓаните, бидејќи нашите граѓани сакаат и заслужуваат европска индина. Ние овде во детали разговараме што значи и членство во ЕУ, рече Ковачевски по средбата со лидерите на владината коалиција.

Посочи дека Романија, Чешка, Словачка по влегувањето во ЕУ имаат забрзан развој и повисок животен стандард, а како што вели Ковачевски, тоа е резултат на тоа што овие земји се членки на ЕУ.

-Ние сме имале поголем стандард од нив, кога сме биле дел од Југославија, а тие кога биле дел од Варшавскиот договор. Втора работа земја членка од фондовите на ЕУ добива 11 пати повеќе финансиски средства по глава на жител од земја кандидат и сето тоа се аргументи, коишто одат во прилог на зачленувањето на државата во ЕУ и тој процес не може да биде заложник на ничии интереси за дневно политичка потреба, подвлече Ковачевски.

Тој вели заради тоа мандатот на Владата не е поврзан со гласањето на уставните измени, туку како што рече, оваа Влада ќе покаже дека има парламентарно мнозинство кое е проевропско.

-Јас се надевам дека опозицијата на крајот ќе донесе одлука со која ќе се приклучи кон европскиот блок, бидејќи обврска е и на опозицијата да носи одлуки кои се од интерес на граѓаните, а врвен интерес на граѓаните е влегување во Европската унија. Патот кон ЕУ значи реформи, значи унапредување на сите системи и области во општеството, вели Ковачевски.

Посочи дека изминатите 11 години земјава ниту имаше зголемен Бруто домашен производ (БДП), ниту пак развој на економијата.

-Ние денес со влегувањето во НАТО имаме зголемен број на странски инвестиции, зголемен број на работници коишто работат во странски компании. Тие работници, преку тие работни места ги плаќаат платите на вработените во јавниот сектор, преку плаќањето на даноците, рече Ковачевски.

Порача дека ова се аргументи зошто државата треба да стане членка на ЕУ, а заштитени се јазикот и идентитетот, а сега ни остануваат исполнување на одлуки кои се однесуваат на обврски од преговарачката рамка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy