Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски не очекувал зголемување на цената на струјата
Македонија

Ковачевски не очекувал зголемување на цената на струјата

23/06/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски не очекува зголемување на цената на електричната енергија.

– Цената на електричната енергија ја дефинира Регулаторната комисија за енергетика. Јас не очекувам ценовен шок, истото го кажав и пред сега веќе претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие кои беа експерти за корона, а потоа станаа експерти за енергетика, сега се експерти за уставни измени. Тоа се истите скептици, истите критизери кои единствено сакаат да внесат немир и дезинфомации кај граѓаните, изјави Ковачевски.

Посочи дека во Буџетот има финансиски средства за антикризни мерки со кои ќе биде помогната ЕСМ.

Во однос на воведувањето на дневната евтина тарифа, Ковачевски рече дека одлуката ја носи РКЕ и дека за тој процес на ЕВН му е потребно време за да ги намести броилата во домаќинствата.

– Ако биде донесена таква одлука, бидејќи не можам да зборувам во име на Регулаторната комисија за енергетика, тогаш сигурно на ЕВН ќе му биде потребен опреден временски период за да тоа го воведе во сите броила на домаќинствата, рече Ковачевски.

Додаде дека се води сметка и за цената на електричната енергија за малите компании со цел таа да биде на ниво одржливо за нивното производство.

До ЕВН Хоме како универзален снабдувач понуда достави АД ЕСМ. Цената што ја понудила ЕСМ е 53 евра за мегават електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41485
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy