Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Направена е нарачка на лекот за болните од цистична фиброза
Македонија

Ковачевски: Направена е нарачка на лекот за болните од цистична фиброза

28/02/2023

AA

Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза е нарачан, измените на законите кои беа потребни за да тој пристигне во Македонија се испратени во Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека производителот кажал дека лекот ќе стигне за 30 дена, што би значело дека крајот на март ќе биде во Македонија.

„Веднаш беше регистриран лекот и преку добавувач е нарачан од единствениот производител кој го има патентот за овој лек. Бевме информирани дека лекот се произведува според секоја нарачка и дека 30 дена е рокот на подготовка, испорака, лекот да пристигне во државата. Во тој дел се е завршено. Нарачката е направена од овластен увозник во државата кој го регистрирано лекот и се очекува негово пристигнување за најкритичните пациенти“, кажа Ковачевски.

Тој објасни и за измените на законите кои се пред пратениците.

„Со оглед дека нашите закони не дозволуваат директна набавка од производители кои имаат патентиран лек туку мораше да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови, што дополнително ја зголемуваше цената на лековите, веднаш се пристапи кон измени и подготовка на законски решенија со кои ќе се овозможи Министерството за здравство да набавува вакви лекови кои се патентирани и ги произведува само еден производител, низ директни преговори, за да добие пониска цена. Тие законски измени се испратени во Собранието. Очекувам во најбрз рок, пратениците да ги донесат измените. Тоа ќе обезбеди не само набавка на лекот ‘трикафта’ туку и други лекови кои се произведени од еден производител“, додаде Ковачевски.

Претходно, Владата соопшти дека се обезбедени 2,2 милиони евра од буџетот за набавка на „трикафата“ за најитните пациенти откако почина Благојче Илиевски, пациент кој две години се бореше да издејствува лекот да биде донесен кај нас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy