Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: На уставните измени гледам како на гласање за продолжување на европската интеграција
Македонија

Ковачевски: На уставните измени гледам како на гласање за продолжување на европската интеграција

15/09/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на гласањето во Парламентот не гледа како на гласање за амандмани на Уставот, туку како на гласање за продолжување на европската интеграција во земјата.

-Jaс за уставните измени давам секој ден изјави и никогаш мојата изјава не се разликува од претходно дадената изјава, дека е исклучително важен процес којшто значи иднината за државата. Тоа го кажав денеска и во моето обраќање и на гласањето во Парламентот јас не гледам како на гласање за амандмани на Уставот, туку како на гласање за продолжување на европската интеграција на државата. И сите пратеници тоа треба да го имаат на ум дека треба да остварат стратешка цел за сите граѓани во државата коишто сакаат и заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. А за ефектите, позитивни економски ефекти од тоа членството во ЕУ можевме да чуеме од сите говорници коишто до сега се обратија на Економскиот форум тука во Скопје, рече Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за спроведување на реформите и изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан, како и претходно на Ги Верхофштад, Ковачевски рече дека сите тие изјави вклучувајќи ја и онаа на претседателката на ЕК, се во комплетна согласност.

-Истото го кажа, ако забележавте и претседателката на Европската Комисија Урсула вон дер Лајен дека ЕУ треба да се подготви и дека може да функционира со повеќе од 30 земји членки, така што се работи за изјави кои сите комплетно се во согласност, рече премиерот Ковачевски.

Тој потенцираше дека реформите кај нас продолжуваат.

-Ние правиме низа на реформи постојано, затоа општеството ни е унапредено од независноста до денес во сите аспекти практично на општественото уредување и секако дека ЕУ ќе работи на усогласување на своите процедури во однос на функционирање со повеќе земји членки. Таргетот останува 2030 година, а ако го слушнавте господинот Хан во неговото обраќање тој дури беше и оптимист дека тоа може да биде и побрзо со оглед на темпото со кое се работи, рече премиерот.

Во однос на комесарот Хан, Ковачевски рече дека имале исклучително пријателска и конкретна средба.

-Бидејќи тој е комесар за буџет и во текот на изминатите две години имавме низа на состаноци во Брисел, коишто се однесуваа на обезбедување на макрофинансиската поддршка која Македонија ја добива од ЕУ. И на два пати сите сте информирани дека имавме успешни состаноци, 80 милиони евра помош за справување со енергетската криза и 160 милиони евра помош за справување со економската криза. Денеска разговаравме за она што следи понатаму во делот на Буџетот за идната година и исто така во делот на обезбедување на средства за сите проекти што се реализираат од ЕУ. Разговаравме и во однос на европските интеграции на државата. Тој е голем поддржувач на нашите интеграции. Немојте да заборавиме дека тој имаше една од клучните улоги кога ние станавме членки на НАТО, беше дел од преговори за Договорот од Преспа, и јас сум многу среќен што е тука, рече Ковачевски.

Во однос на изјавата на Верхофштад, според него, таа воопшто не се разликува од другите изјави што се даваат.

-Да ние имаме цел до 2030 година. Тоа е целосно во согласност со тоа што го кажа претседателот на Европскиот совет господинот Мишел, кој што кажа дека ЕУ до 2030 треба да работи на две патеки: едната е реформи во ЕУ со цел да може да функционира со повеќе од постојните земји членки. Истото го кажа, ако забележавте и претседателката на Европската Комисија Урсула вон дер Лајен дека ЕУ треба да се подготви и дека може да функционира со повеќе од 30 земји членки, така што се работи за изјави кои сите комплетно се во согласност, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy