
Ковачевски на средба со Ахмети и Заев надвор од очите на јавноста, за што разговарале?
Во Скопје денеска се одржала средба надвор од очите на јавноста меѓу премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев, јавува ТВ21.
Ковачевски за телевизијата ја потврдил средбата, а на прашање за што се разговарало, Ковачевски одговорил кратко: „Да, разговаравме за европските перспективи на Северна Македонија“.
Нејасно е на која локација се одржала средбата и зошто на истата бил повикан и поранешниот премиер Зоран Заев.
Инаку, Димитар Ковачевски ги брои последните денови до неговата оставка и формирањето на техничка Влада на која премиер ќе биде Талат Џафери.
И во новата година, но и за новата Влада останува предизвикот наречен „Уставни измени“ кои се услов за продолжување на преговорите со Европската унија. Опозицијата промените ги нарече „Бугарски диктат“, без да кажат какво решение нудат со нашиот источен сосед.
