
Ковачевски на лидерска дошол со предлог : ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, Мицкоски да добие избори
Извори од Влада брифираат дека премиерот Ковачевски на лидерската средба доаѓа со план и конкретни три предлози.
Дел од трите предлози на Ковачевски, како што дознаваме се заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието.
Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата но му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.
