
Ковачевски: На граѓаните во моментов не им требаат ТВ дуели
Премиерот Димитар Ковачевски нема да ја прифати поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Во моментов на граѓаните не им требаат дебати. На граѓаните им треба обединетост за продолжување на европскиот пат. Бенефитите за граѓаните од тоа се поголеми пензии, поголеми плати, тоа што го сакаат граѓаните. Нашите граѓани се иселуваат во земји членки на ЕУ, или САД или во Австралија, но доминантно во ЕУ“, рече во интевју за Канал 5 премиерот Димитар Ковачевски.
