Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски најави: Следните пратенички прашања ќе бидат писмено одговорени поради навредите кон Владата
Македонија

Ковачевски најави: Следните пратенички прашања ќе бидат писмено одговорени поради навредите кон Владата

30/06/2023

AA

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница најави дека пратеничките прашања што ќе следат понатаму ќе бидат писмено одговорени поради упатените навреди од страна на опозициските пратеници кон членовите на Владата за време на денешната 119 седница на Собранието.

– Барам на следната координација да се разгледа прашањето за навредите од најнизок вид кои од страна на пратениците се упатуваат кон членовите на Владата. Министрите се доведени во нерамноправна положба, со оглед на тоа дека пратеник според деловникот и законот, може да изнесе секакви лични навреди кон член на Влада, да тој не може да одговори, а ако одговори, немајќи го имунитетот на пратеникот да биде тужен на суд. И затоа на следните пратенички прашања, сите прашања ќе бидат одговарани писмено, истакна премиерот Ковачевски.

Тој побара да се обезбеди етички кодекс на однесување во Собранието и да се замолат пратениците да се однесуваат според него.

– Никој не е должен да доаѓа овде и да трпи навреди од најнизок тип, и од говорница и со дофрлување од место, притоа сите министри се обраќаат на членовите на парламентот со должна почит и со одговарање на нивните прашања, рече Ковачевски.

Членовите на Владата кратко потоа ја напуштија седницата откако пратеничката Дафина Стојановска од опозициското ВМРО-ДПМНЕ, на процедуралното обраќање упати навредливи зборови кон членовите и претседателот на Владата.

– Кои сте вие тоа да го кажувате? Знаете вие зошто сте овде? Зашто овде има деловник. Овде не сте затоа што ние сакаме да ве гледаме и да ве слушаме како „тресете зелени“, овде сте затоа што Деловникот тоа го бара, рече Стојановска, по кое што следеше напуштање на седницата од страна на претставниците на Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy