Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Мора точно да се знае што е шпекулација, а што вистината за проектот за коридорите 8 и 10д
Македонија

Ковачевски: Мора точно да се знае што е шпекулација, а што вистината за проектот за коридорите 8 и 10д

16/03/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно апелираше Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да постапат околу објавите и сомнежите што се пласираат во јавноста за избраниот надзор за изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д бидејќи, како што порача, мора точно да се знае што е шпекулација, а што е вистината во овој голем проект.

На новинарско прашање дали ќе побара ревизија на тендерот за надзорот за проектот што го доби конзорциумот ИРД со уште три фирми како подизведувачи, Ковачевски посочи дека сите документи се достапни, а Владата ќе достави до Антикорупциската комисија се што е побарано за предметот што го отворија антикорупционерите за да ги испитаат сомнежите околу постапката.

-Сите документи во однос на надзорот се достапни преку Бирото за јавни набавки бидејќи се’ е водено согласно со Законот донесен за изградбата на овие автопатски делници и врз основа на работата на задолжените институции во државата, рече Ковачевски.

Првпат во нашата држава, нагалси премиерот, во период од пет години ќе бидат изградени 110 километри автопат со инвестиции од 1,3 милијарди евра, од која што 51 процент, односно над 650 милиони евра, ќе бидат изработени од домашни компании бидејќи тоа е дел од договорот.

За четирите автопатски делници на коридорите Владата склучи договор за изведба со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој ќе биде ангажиран и за проектирање и за градба, пракса што се воведува првпат во државава.

Првичните пресметки на институциите покажуваат дека просечната цена по километар автопатот треба да изнесува 12 милиони евра, но точните износи ќе се знаат откако ќе бидат изработени основните и проектите на изведена состојба.

Делницата Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри според првичните пресметки ќе чини 125 милиони евра, Гостивар – Букојчани (30,3 километри) 560 милиони евра, Требеништа – Струга – Ќафасан (21,7 километри) 360 милиони евра, а Прилеп – Битола (39,4) 260 милиони евра. Автопатските делници ќе бидат со по три ленти и широки по 10,7 метри со зеленило. Покрај најавените 1,3 милијарди евра ќе треба да се одвојат и околу 300 милиони евра за експропријација.

Стартни активности на делниците Тетово – Гостивар и Прилеп – Битола се најавени за 22 април годинава.

Во однос на останатите градежни активности за автопати во државава Ковачевски информираше дека, завршени се над 75 проценти од активностите за Кичево – Охрид, каде тој вели се работи интензивно.

-До крајот на годината сметам дека по него веќе ќе може да се вози во најголемиот дел од делниците, бидејќи сите граѓани, сите делови на државата заслужуваат врвна инфраструктура со цел развој на економијата, на бизнисите во сите делови и со цел унапредување на стандардот на граѓаните, ветува премиерот.

Повтори дека Блаце – Скопје е тешка автопатска делница за изведба на која се работи според поранешниот принцип – проектирање па изведба. – Првата фаза е веќе при крај и се тендерира и се склучува договор за втората фаза бидејќи навистина треба да се има коридор што ќе биде практично од јужниот дел на нашата држава кој ќе може да заврши на Јадранската магистрала бидејќи на тој начин ја поврзуваме државата и кон запад и кон север и кон исток со изградбата на овие клучни патни делници, наведе Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy