Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Министрите на СДСМ денеска ќе предложат замената на сообраќајните дозволи да бидат бесплатни за граѓаните
Македонија

Ковачевски: Министрите на СДСМ денеска ќе предложат замената на сообраќајните дозволи да бидат бесплатни за граѓаните

13/02/2024

AA

Министрите на СДСМ денеска ќе предложат замената на сообраќајните дозволи да бидат бесплатни за граѓаните, до крајот на годината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање.

-Пратеничката група на СДСМ вчера, нормално и претседателот на Собранието кој е сега од нашата партија низ разговор со сите политички партии дојдоа веднаш до консензус дека треба да се продолжи рокот на важењето на документите кои се за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денес на Владата ќе предложат решение со кое што замената на возачките дозволи и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно на трошок на државата за да може и тој процес до крајот на годината да се реализира како што треба, рече Ковачевски.

Би искажал и жалење во однос на она што граѓаните го поминуваат, мора да се биде реален, додаде Ковачевски наведувајќи дека досега сменети над 1,2 милиони патни исправи, над 550 илјади од бројките кои се достапни сообраќајни дозволи и возачки дозволи.

-Она што треба да се истакне е дека во изминатите години имавме 2 години пандемија која што ги наруши и каналите на снабдување, ги наруши и голем дел на производствени процеси во фабриките во кои се произведуваат голем број на документации итн. Секако и можноста за брзо издавање на документите со оглед на тоа дека скоро 2 години имавме мерки за физичко разграничување на граѓаните не само во нашата држава туку и во другите држави во Светот. Секако дека тоа влијаеше. Она што е важно дека голем дел од патните исправи се заменети, меѓутоа би сакал да истакнам дека секое ширење на паника, секое давање на популистички и на како да кажам изјави кои што не се во насока на решавање на проблемот туку се во насока на лично себе истакнување не носат ништо добро. Исто така се покажа уште еднаш дека не е добро да се даваат популистички и лажни изјави бидејќи ние бевме сведоци во изминатите 4 години каде што дел политичари кажуваа немојте да ги заменувате документите бидејќи ќе го враќале името, сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата а не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот, таква изјава не слушнавме. Се надевам дека МВР со сите свои управи и своето раководство ќе успеат да обезбедат навремено снабдување со обрасци во делот на делот на издавањето на патните исправи бидејќи и тоа сложен процес на обезбедување на обрасци, бидејќи тие не се произведуваат во нашата држава туку се произведуваат во Германија и секако дека со правилно организирање на процесот тој ќе заврши, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
Македонија

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска

13/11/2026
Македонија

НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КОЈШТО ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПОЛАГА

13/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ПРЕТРЕС ЗА ДРОГА Им

13/11/2026
Македонија

ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ Мицкоски разговарал

13/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ

13/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНИТЕ НАСИЛНИЦИ ЌЕ НОСАТ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ Тошковски најавува законски измени

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46758
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ ЗАШЕЌЕРЕНИТЕ ПИЈАЛАЦИ… Министерот Клековски повикува

13/11/2026

Во пресрет на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, министерот за здравство Сашо Клековски денеска, заедно со директорот на Универзитетската

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски најави дигитализација на МВР во

13/11/2026

Како изгледа пријавувањето на еден кривичноправен настан во полициска станица во 2026 година? Според објаснувањето на министерот за внатрешни работи

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска во Ченто

13/11/2026

67-годишен жител на скопски Сингелиќ почина откако тракторот што го паркирал на бензинска пумпа на улицата „Методија Андонов Ченто“ сам

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy