Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Македонија и Србија се без отворени прашања, за четири години направивме многу во духот на искреното добрососедство
Македонија

Ковачевски: Македонија и Србија се без отворени прашања, за четири години направивме многу во духот на искреното добрососедство

31/03/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за српската телевизија Пинк ја потенцираше важноста на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Србија, посочувајќи дека како држави алтернатива немаме освен интеграцијата на двете држави во ЕУ. Ковачевски истакна дека владите на двете земји во овие четири години направија многу повеќе од тоа што е направено во изминатите 30 години.

„Сѐ ова што го направивме е направено во последните четири години, а најмногу во последните две години откако е формирана иницијативата Отворен Балкан. Затоа велам дека сето ова е во насока на интеграцијата на регионот. Да не заборавиме како изгледаше Балканот пред 30 години, ова беше регион на војни, на ограничување на движења на луѓето, на конфликти. Денес ние имаме земји како Северна Македонија, Албанија, Црна Гора кои се членки на НАТО. Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора се земји кои преговараат со ЕУ”, рече премиерот Ковачевски.

Северна Македонија и Србија во моментов имаат најдобри односи, без отворени билатерални прашања. Последното отворено прашање беше регулирање на односите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ и минатата година тоа беше решено со признавањето и вклучувањето во канонско единство на МПЦ.

„Врз основа на тоа, се возобновија и чествување на празници како на пример во манастирот Прохор Пчински кадешто е одржано првото заседание на АСНОМ. Сето тоа придонесува за зголемување не само на пријателството туку и на размената на туристи, бизниси меѓу државите. Еден податок говори за тоа што се случува кога политичарите имаат добар однос помеѓу себе. Бројот на српски туристи во Северна Македонија во 2021 година во однос на 2020 е зголемен за 250%, а во 2022 година во однос на 2021 е зголемен за 500%. Тоа е огромно зголемување на туристи. Верувам дека ако се направи анализз и во Србија, дека бројот на македонски туристи исто така е зголемен”, рече премиерот Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy