Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОВАЧЕВСКИ: КОМПАНИИТЕ КОИ НЕ САКААТ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ЛЕБ ДОБИЈА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД СУБВЕНЦИИТЕ, треба да покажат одговорност
Економија

КОВАЧЕВСКИ: КОМПАНИИТЕ КОИ НЕ САКААТ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ЛЕБ ДОБИЈА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД СУБВЕНЦИИТЕ, треба да покажат одговорност

03/03/2023

AA

Во иднина е можно замрзнување на цените и на други прехрамбени производи   за што веќе се правата калкулации. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција, при што уште еднаш посочи дека Одлуката за замрзнување на цената на лебот останува и соопшти дека Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните.

Според премиерот, Владата не налага никому ништо, туку носи одлуки базирани на прецизни калкулации, а законите во државата мора да се почитуваат. Сите треба да бидат солидарни во вакви услови на криза.

Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања потсети дека цената на лебот е замрзната за да се заштитат граѓаните и изрази разочарување од некои производители кои, како што рече, според објавуваните сметки, продавале бел и полубел леб во вечерните часови по цена од 50 денари.

– Нема да дозволам некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Не држи објаснувањето дека мала пекараница може да произведе поевтин леб од голема пекарница. Компаниите кои во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип леб се тие што го добија најголемиот дел од  субвенциите за електрична енергија што никаде не можете да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност, да го испорачаат она за што исто така за оваа цена имаат маржа, зашто калкулацијата беше правена од пекарската индустрија. Да се заработува на грбот на граѓаните кога треба да покажеме солидарност, е нешто најлошо што може да направи една компанија. Од друга страна, има одговорни комапнии и на нив сакам да им се заблагодарам, подвлече премиерот и дополни дека врз основа на инспекциските контроли ќе бидат носени следни одлуки – посочи Ковачевски 

Сите законски одредби, напомена Ковачевски, ќе бидат искористени, од законите за трговија, за заштита на потрошувачите и за заштита на конкуренцијата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy