Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски им честиташе на Вучиќ и Курти за храброста и визионерството
Македонија

Ковачевски им честиташе на Вучиќ и Курти за храброста и визионерството

19/03/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по завршувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, кој под покровителство на Европската Унија, што се одржа денеска во Охрид, им честита на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, и посака напредок на сите граѓани на Србија и Косово на патот кон ЕУ.

Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Почитувани медиуми,

Ја поздравувам согласност постигната денес за имплементација на Договорот за патоказот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој ќе биде интегрален и обврзувачки дел на европскиот пат на двете страни.

Сметам дека денешната согласност за имплементацијата на Анексот на Договорот, вклучително и согласноста за целосна имплементација на обврските од претходните договори од Дијалогот е значајно постигнување.

Мирот, помирувањето и економскиот развој се клучни предуслови за забрзан прогрес на зa целиот Западен Балкан кон ЕУ.

Горд сум и среќен што во името на нашите граѓани, со мојот тим бев домаќин на овој важен преговоравачки процес под покровителство на Европската унија, а со поддршка на Соединетите Американски Држави, со кој се потврди мојата лична заложба дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија.

Сакам да им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, и да им посакам напредок и успех на сите граѓани на Србија и Косово на нивниот пат кон ЕУ.

Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжиме по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави,

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy