
Ковачевски и Мицкоски наскоро на средба, ќе разговараат за техничката Влада!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека очекува наскоро да има средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што вели, средбата ќе биде на тема техничка Влада.
„Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува“, истакна Ковачевски.
Прашан кога би се сретнале со Мицкоски, Ковачевски одговори дека тоа ќе се случи скоро, но, како што рече, бидејќи се работи за техничко прашање мисли дека тоа и нема да биде помпезна лидерска средба, како што обично знаат да бидат.
