Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Грижата за најмалите ја покажуваме со дела, за пет години изградени 76 детски градинки
Македонија

Ковачевски: Грижата за најмалите ја покажуваме со дела, за пет години изградени 76 детски градинки

16/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи, присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Сонце“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров. Со изградбата на објектот, децата до шест години од Волково, добиваат пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој во нова градинка, која за првпат е изградена во ова населено место.

„ Изградивме уште еден објект, уште една градинка, која, верувам, ќе донесе многу детски насмевки. Со новата градинка „Сонце“, решаваме еден повеќедецениски проблем за граѓаните од овој дел на градот.


Градинката во Волково е изградена според современи стандарди и има капацитет за згрижување на 150 деца. Грижата за нашите деца се наш врвен приоритет. Обезбедуваме континуитет во зацртаното со реализација на нови градинки или доградување на постоечките. Од 2017 година до денес, отворивме 75 градинки со опфат од 5.500 деца, а заедно со оваа, нова градинка, тој број го заокружуваме на вкупно 76, со што се згрижени 5.650 деца“, потенцираше премиерот Ковачевски во своето обраќање пред присутните, заблагодарувајќи се на поддршката од Светската банка во реализацијата на изградба на градинката.

Набројувајќи ги мерките на Владата, премиерот потенцираше дека платите на вработените во јавните установи за предучилишно воспитание и образование во изминатиот период се покачени и најави ново покачување.


„ Не ги заборавивме ниту оние вклучени во воспитниот процес, воспитувачките, негувателките. Oд 2017 година досега, давателите на услуги, воспитувачките и негувателките во градинките добија за околу 36% повисока плата. Со новото усогласување во месец март, овој процент ќе достигне нешто помеѓу 45-50% вкупно раст за последните 5 години. Со новото законско покачување кое ќе се случи во месец март и кое очекуваме да порасне за околу 2.500 денари, минималната плата ќе достигне 20.500 денари. Ова предизвикува линеарно зголемување на платите за околу 2.500 денари, на сите вработени во јавните установи за предучилишно воспитание и образование“, истакна премиерот Ковачевски, во своето обраќање.

Осврнувајќи се на реализираните проекти во оваа сфера, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска нагласи дека вложувањето во квалитетни инфраструктурни услови и проширување на капацитетите за згрижување на децата е клучната цел и прв чекор во обезбедување можности за квалитетен ран детски развој.


„Од 2017 година до сега, Министерството за труд и Владата имаат инвестирано во изградба и проширување на вкупно 76 градинки ширум земјата, меѓу кои е и оваа градинка. Тоа е најдобар показател за нашата посветеност во вложувањата во развојот на децата како најдобра инвестиција во иднината на земјата. Со други зборови, не можеме да зборуваме за развој и просперитет на земјата сѐ додека не инвестираме во грижата за децата уште од најмала возраст“, рече Тренчевска.

Во изградбата и опремувањето на градинката се вложени близу 103 милиони денари. Ова е деветта од вкупно 16 градинки кои се предвидени со Компонента 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка.

„ Инвестирањето во предучилишното образование и раниот детски развој носи големи придобивки за децата и општеството во целина. Вложените четири долари денес, се враќаат како 16 долари во иднина. Инвестирањето јавни средства со цел да им се овозможи на децата пристап до стимулирачка, ангажирана, инклузивна и забавна средина за учење, значи добро потрошени пари на даночните обврзници“, рече Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy